Одлуката да се укине промената во сметањето на времето во ЕУ можеби ќе се случи до 2021 година, изјави денеска австрискиот министер за транспорт Норберт Хофер.
Почетниот датум, кој е за две години подоцна од предлогот во септември на Европската комисија, ќе им даде повеќе време на земјите членки да се подготват, изјави Хофер, чија земја моментално претседава со ЕУ.
Забрзаниот распоред, предложен од Еврокомисијата, беше доведен во прашање уште во октомври, затоа што некои земји членки предупредија дека нема да можат да ги преземат потребните мерки за да се прилагодат во области како, на пример, воздушниот транспорт.
– Ако инсистираме да ја направиме промената веднаш, тоа ќе го поткопа предлогот на Комисијата. Воопшто нема да можеме да ја прекинеме праксата за смена на часовното време, рече Хофер пред почетокот на состанокот на министрите за транспорт од ЕУ.
Комисијата предложи земјите членки да се откажат од преминот од зимско кон летно сметање на времето по онлајн анкета во целата ЕУ, според која 84-проценти од испитаниците ја поддржаа идејата.
За таква промена, сепак, конечната реформа ќе мора да ја одобрат земјите-членки и Европскиот парламент. Потоа земјите-членки сами ќе одлучат дали ќе останат на летно сметање на времето, или ќе го задржат стандардно време во текот на целата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст