Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска престојува во работна посета на Република Полска, по повод учеството на Самитот за климатски промени COP 24, што се одржува во Катовице, соопшти неговиот кабинет.
Претседателот Иванов ќе има обраќање на сегментот на високо ниво на Самитот за климатски промени – COP24, на кој е предвидено да учествуваат триесетина шефови на држави и влади од целиот свет.
Предвидено е претседателот Иванов да одржи билатерална средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Република Македонија во април 2016 година во Њујорк го потпиша Парискиот договор за климатски промени, што беше усвоен во 2015 година на Самитот за климатски промени COP21 во Париз, каде учествуваше претседателот Иванов. На самитот во Париз, Република Македонија даде придонес во меѓународните напори за постигнување климатски договор. Целта на Самитот за климатски промени COP 24 во Катовице е да се финализира практичната имплементација на Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, што е дел од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Со потпишување на Парискиот договор, Република Македонија ја реафирмираше својата посветеност во приклучувањето кон светските напори за ублажување на последиците од климатските промени, преку преземање на конкретни чекори, мерки и активности и исполнување на одредбите на Парискиот договор за климатски промени. Договорот од Париз е прв универзален и правно-обврзувачки договор што треба да стапи на сила во 2020 година и истиот досега е потпишан од 194 држави и од Европската Унија, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.
Во рамки на работната посета на Република Полска, претседателот Иванов ќе престојува во Вроцлав, каде што ќе одржи предавање на Вроцлавскиот Универзитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево
-
Иванов: Никој и ништо не може да го запре нескротливиот марш кон слобода