| четврток, 6 декември 2018 |

Плашицата во каналот Студенчишта е во опасност

Плашицата кај каналот Студенчишта сеуште во опасност .Иако после поморот поставена е пумпа за дотур на вода сепак нема доволно воздух, количеството на кислород е двојно помало од потребното. Рибата која е влезена во каналот да презими може да остане заробенa и да угине.

Експертите сметаат дека неопходно е да се изнајде решение како да се обезбеди доток на минимум свежа вода а потребно е и редовно поткопување на каналот.

Инаку за утре закажана е вонредна седница на Советот на општина Охрид, по предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за состојбата со плашиците во каналот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top