| четврток, 6 декември 2018 |

Талант Душебаев: Тој што ме нарече „пе*ер“ нека се појави пред мене

По завршувањето на мечот меѓу Вардар и Кјелце во Лигата на шампионите, кој заврши со победа на македонскиот првак од 28-27, прес-конференцијата беше еднакво интересна како и теренот. Во центарот на вниманието беше тренерот на полскиот шампион Талант Душебаев кој имаше порака до оној што имаше истакнато транспарент во салата со навредлива порака до него.

-Пречекот на Вардар на Алекс Душебаев беше очаен. Тој во минатите години беше душата и срцето на Вардар и беше дел од огромниот успех кој го направи овој клуб. Не можам да го разберам тоа како од херој стана антихерој. Исто така не можам да разберам на кому му пречи Талант Душебаев. Видов транспарент на кој стоеше навредлива порака за мене. Не е важно тој што ја ставил таа парола, но можеби тој што ја нарачал и што одобрил да се стави. Тој нека дојде пред мене и нека лично ми го каже тоа, па да поразговараме. Знаете што значи петух на руски. Тоа е пе*ер. Тоа е крајна непочит – истакна по натпреварот Душебаев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top