| четврток, 6 декември 2018 |

Возилата уништени, 4 лица на болница (фото)

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово меѓу две возила спроти МАНУ, во Скопје, а возилата се многу оштетени.

Според изјавите на очевидци, судирот се случил меѓу две возила „ауди“ и „пасат“.

Две лица се пренесени во Ургентниот центар, додека две во „Св. Наум Охридски“, информираа од МВР за МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top