Незаконит е притворот за Сашо Мијалков, тврдат неговите адвокати. Според одбраната, мерката е донесена без да се сослуша обвинетиот, што е спротивно од начинот на водење на постапката. Адвокатите посочуваат дека со таквиот начин е прекршена судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
– Секогаш кога се преиначува мерка кон построго, судот е должен да го покани обвинетиот да даде свој исказ, односно да се произнесе по предлогот за определување притвор, изјави aдвокатот Петар Василев.
Според решението на кривичниот суд, притворот е одреден по барање на Специјалното обвинителство оти тоа имало сознанија дека Мијалков се подготвува за бегство. Во барањето до судот СЈО навело дека екс директорот на УБК поседува имот во Чешка а финансовата полиција пронашла и 11 милиони евра на две сметки за кои постоело сомнеж дека се на Мијалков.
– Господинот Мијалков тврдам дека Обвинителството не може да го доведе во никаква поврзаност со таа трансакција и поради само такви претпоставки во услови на почитување на сите досегашни мерки смета одбраната дека нема никаков однос за определување на мерката притвор, вели Василевски.
Притворот за Мијалков, СЈО го побара за предметот Тврдина-Таргет каде е обвинет за нелегално прислушување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст