| четврток, 6 декември 2018 |

Момче почина од алергиска реакција откако се напи аминокиселини

Шеснаесетгодишно момче од Сараево вчера почина поради алергиска реакција на таблетата со аминокиселина која ја испило после тренинг. Иако докторите од Брза помош се обиделе да го реанимираат, тој починал од гушење, пренесува „Дневни аваз“.

Тинејџерот, кој боледувал од астма, бил алергичен и на млеко. Тој успеал да стигне дома после тренингот, но неговата сестра забележала дека не изгледа добро. Таа му го дала лекот кој тој го користел за астмата, но не помогнала. Момчето паднало во несвест на влезот на Брза помош, каде родителите итно го однесле.

Аминокиселината ја добил од пријателот, но не го прочитал упатството и не знаел дека е на база на млеко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top