| четврток, 6 декември 2018 |

Полициски специјалци го опколија Лојане – се ловат шверцери на мигранти

policija

Припадници на специјалните полициски единици го запоседнаа кумановското село Лојане. Во тек е голема полициска акција за приведување лица кои се вклучени во меѓународните канали за шверцување мигранти.

Според првичните информации, во тек се претреси на повеќе места, а полицијата досега има приведено неколку лица.

Во акцијата се откриени десетици мигранти, меѓу кои има и малолетници.

Од МВР ја потврдуваат информацијата за акцијата, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top