| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, плачела на денот на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, пишуваат странските медиуми, но не поради тоа што ја совладале емоции, туку од стрес и паника поради стриктните правила на тогаш се уште идната војвотка од Сакекс.

Имено, на нејзината ќерка Шарлот фустанот не и стоел онака како што Меган имало замислено, па тоа екстремно ја вознемирило сопругата на принцот Вилијам, кој исто така е во затегнати односи со братот. Овие два пара толку се разликуваат, што едни околу другите одат како по јајца.

Нетрпеливоста меѓу нив кулминира со одлуката на Меган и Хари да не се преселат во Кенсингтонската палата и одбегнувањато да бидат први соседи. Наместо тоа војводата и војвотката од Сасекс одбраа да живеат на имотот Виндзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top