| четврток, 6 декември 2018 |

Додека патриотите ги држат притворени и по цели денови во судови, многу полесно им врви силувањето и тоталното уништување на се што е македонско

Денес е годишнина од притварањето на уставобранителите, македонските патриоти, со обвиненија дека се терористи! Најголем дел од нив сеуште се во Шутка или домашен притвор, а сите ги гледаме без малку секој ден на судења, бранејќи се од обвинениjата и докажувајќи дека не се терористи! Под ваков жесток политички прогон и терор се поради нивната љубов кон Македонија, нивното противење на обезличување на татковината и губењето на македонскиот идентитет – напиша аналитичарот Александар Пандов.

Понатаму додава:

Но, според мене главната причина зошто овие македонски синови се под ваква тортура, е стравот на Заев и оваа хунта од нивната храброст, гласност и влијание кое го имаат во македонското општество! Добро има пресметано режимов и нивните подржувачи, додека нив ги држат притворени и по цели денови во судови, многу полесно им врви силувањето и тоталното уништување на се што е македонско. Затоа вечерва и јас во 17ч ќе бидам на плоштадот на ВМРО, во името и на нашите притворени браќа, а заедно со сите слободоумни патриоти, и покажеме среден прст на оваа фашистичко/соросова инсталација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top