| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов дрско и без срам: Кога Влатко Ѓорчев зборува, ми требаат помагала во форма на мобилен

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговори на реакциите во јавноста откако вчера беше снимен како игра на својот мобилен телефон додека трае расправата за загадувањето во Собранието. Тој беше „фатен“ на својот мобилен телефон додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Скопје и понатаму е загадено: Шилегов ја сврте игрицата (Видео)

„Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори, мора да ги “надминете” со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна… Во реалноста, постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем“, напиша Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top