| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниката за детска хирургија доби мобилен ехо апарат, прв во јавното здравство во Македонија

За потребите на Клиниката за детска хирургија, денеска беше дониран мобилен ехо апартат, донација од Државната видеолотарија. На официјалното примопредавњање на донацијата, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче се заблагодари и истакна дека со оваа донација се подобруваат условите и услугите на Клиниката и се подобрува здравствeниот третман за најмалите, децата.

Донацијата на мобилен ехо апарат е во висина од 20.000 евра и за првпат се набавува во јавното здравство.

Министерот Филипче најави дека во буџетот за следната година, предвидени се средства во Програмата на Министерството за една посебна патологија, за бенигни тумори на деца, коишто до сега не беа предвидени и коишто беа навистина како патологија живото-загрозувачки и со тоа ќе се зголеми и експертизата и можностите за лекување на тие дечиња во Република Македонија, при овие зафати неопходен е овој мобилен ехо апарат.

– За првпат во јавното здравство се набавува ехо апарат којшто е мобилен. Тоа значи, дека ќе може да се носи на различни позиции и ги има сите сонди на него. Може да се оди на Гинекологија, Педијатрија, може да се носи во амбуланта. Ги има сите сонди со кои ќе се подобри работата на сите заболувања од детската возраст –  информираше д-р Владимир Чадиковски, хирург на Клиниката за детска хирургија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top