| четврток, 6 декември 2018 |

Ја одгледувал кај татко му во викендичка: Млад струмичанец „падна“ со скоро 200 килограми марихуана

Вчера во периодот од 19 до 21.30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, а сопственост на лицето М.П. (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово, извршен е претрес на дом и помошни простории – при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 кг.

По превземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето М.П. (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.

СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top