| четврток, 6 декември 2018 |

Проекција на документарниот филм „Над возможното“ во кино Култура

На деветото издание на фестивалот „МакеДокс“, во август годинава, премиерно беше прикажан документарниот филм „Над возможното“ (Over the limit). Проекцијата беше проследена со дружење со режисерката Марта Прус. Куршумли ан беше преполн и снема карти. Затоа се решивме на една зимска реприза на филмот, за сите другари и другарки кои не успеаја да го погледнат.

Документарниот филм „Над возможното“ (Полска, Германија, Финска/ 2017/ 74’) ја носи приказната на Маргарита Мамун, елитна ритмичка гимнастичарка која сонува да стане олимписка шампионка. 2017-та е најважната година во нејзината кариера и последна шанса да си го оствари сонот. Оваа документарна драма, набиена со силни емоции, портретира млада девојка која очајнички се труди да се справи со своите амбиции и да ги исполни екстремните очекувања на своите тренери. Водејќи нè во затворениот свет на руските спортисти, филмот покажува дека рускиот ментален склоп не познава граници.

По фестивалската проекцијата на филмот режисерката Марта Прус, меѓу другото, објасни дека правејќи филм за врвната руска гимнастичарка Маргарита Мамун не сакала „да прикаже спортист кој стигнува до врвот на кариерата со победа на Олимпијада, туку човек со емоции“. „Победата е кратка, но патот до неа е долг“, нагласи Прус во август оваа година.

Проекцијата на филмот ќе се одржи на 30 ноември, со почеток во 20 часот, во Кино Култура. Цената на билетите е 100 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top