| четврток, 6 декември 2018 |

Kaде да се патува во 2019? „Нешнл џиографик“ вели МАКЕДОНИЈА!

Престижниот „Нешнл џиографик“ ја вброи Македонија во 29 светски дестинации за кои им препорачуваат на читателите да ги посетат следната 2019 година.

Одговорот на прашањето зошто би ја посетиле Македонија е едноставен – Авантура!

„Без разлика дали Македонците ќе стават или не „Северна“ пред името на нивната земја, последните вести за долгиот спор со Грција, го подигна профилот на оваа мала балкаска нација. Опкружена со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, Македонија можеби нема море и брег, но е екстремно богата со планини и езера. Високи врвови, длабоки клисури и водопади ги красат трите малку истражени национални паркови: Галичица, Маврово и Пелистер. Кајакарете покрај брегот на Охридското Езеро, едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа и полетајте над Пелагонија од највисокиот град Крушево со параглајдер“, препорачува магазинот.

Погледнете повеќе на линкот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top