| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули: Сите ПМ честитки не се канцерогени

Денеска во Собранието имаше дебата за загадениот воздух, a заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули објаснуваше какви мерки ќе бидат превземени за чистење на воздухот.

– Да влеземе во домовите и да им кажеме на семејствата дека одделни енергенси им штетат на нивните деца. Немојте да ми кажете дека некој повеќе ја сака мојата ќерка и ви велам дека воздухот ќе биде чист, рече Макрадули и додаде:

– Загадување има. Сите ПМ честитки не се канцерогени. На пример, поленот не е канцероген, чадот исто така не е канцероген. Дрвото не е канцерогено, но додатоците како пластика и други работи заедно со дрвата се канцерогени. Јагленот е опасен, рече Макрадули.

Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, пак, презентираше 19 мерки кои побара да бидат превземени, и притоа алудирајќи дека Владата ништо не исполнила од ветувањата за чист воздух, и дека министерот за животна средина никаде го нема.

– Од сѐ што вети оваа влада, ништо не оствари. Мерните инструменти не работат, не се преземени никакви мерки што се ветуваа. Петре Шилегов, сѐ што вети не оствари, министерот за животна средина никаде го нема, ги нема владините програми за намалување на загадувањето, изјави Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top