| четврток, 6 декември 2018 |

Секој втор жител на Пробиштип е на Онкологија во Скопје

Ние немаме урбана мафија како Скопје, но имаме Г1 загадувачка индустрија, рече денеска во својата дискусија на јавната расправа за загадувањето во Собранието, Светлана Станојковска, еколог од Пробиштип.

– Немаме софистициран мерен инструмент за да знаеме што нѐ загадува, но знаеме колку тоа влијаело на нашето здравје по тоа што секој втор граѓанин е заболен од канцер. Значи половина од пропиштипските жители се овде во Скопје на онкологија. Тоа е резултат на Г1 загадувачката индустрија која ја имаме во Пробиштип. Имаме флотација (миење на рудата) во сред град, фабрика за акумулатори која има топилница за старо олово. Имаме челичарница која се гради, како и рудници за отворен коп на простор од 2 километри како се шири градот така се шири и индустријата и тоа високозагадувачката, рече Стојановска.

Таа побара одговор зошто владата сега дозволила челичарницата да се гради иако претходно ја забранила градбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top