| четврток, 6 декември 2018 |

Ивана го искористила моментот кога отишол во тоалет, после бебето сакала и таа да се фрли

Дваесет и деветгодишната Ивана М. од Лесковац, Србија, која во саботата попладне го фрли своето тримесечно бебе низ балкон од четврти спрат, се терети за тешко убиство, за кое и прети затворска казна од 40 години.

Хорор во Лесковац: Мајка фрлила тримесечното бебе од 4-ти кат

Како што дознава српски „Курир“, постојат сомневања дека Ивана била нервно растроена кога го фрлила својот син од околу 10 метри висина. Обвинителството после сослушувањето ќе одлучи дали нејзиниот притвор ќе биде продолжен.

Соседите за српскиот медиум велат дека откако го фрлила бебето, ја виделе и самата Ивана на терасата, подготвена да скокне. Во семејниот стан во моментот биле присутни и петгодишната ќерка и сопругот Александар, кој за време на инцидентот бил во тоалет.

  • Александар никогаш не се одвојуваше од сопругата, затоа што таа месец и половина се лечеше од постпородилна депресија и не смееше да биде на само со бебето. Ивана и претходно имаше лоши мисли и желба да го повреди бебето. Александар ја однесе на доктор, таа земаше лекарства и одеше на контроли, но лекарот му советуваше тој никогаш да не ја остава сама со бебето. Така беше и во саботата, но Ивана го искористи моментот кога тој беше во тоалет – раскажа еден од соседите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top