| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Дуа Липа доаѓа во Скопје

Во четврток, 29 ноември во Скопје почнува официјалната програма на јубилејниот 20. ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, со меѓународната ПИН музичка конференција, која во Македонија ќе собере дел најважните луѓе од европската музичка индустрија.

Овој настан, Таксират го организира по петти пат. ПИН конференцијата почнува во четврток, а ќе се одржува и на 30 ноември и 1 декември во Младински Културен Центар, Скопје.

Како гости на панелите ќе ги чуеме ДУКАЃИН ЛИПА – директор на најголемиот фестивал „Сани Хил“ во Косово и татко на  музичката ѕвезда Дуа Липа, ГИОРГИ УЈМАЈУРИЏЕ – менаџерот на култниот клуб Басиани во Грузија, ГОРДОН МЕЈСОН – уредник на најзначајниот магазин за live музичката индустрија „IQ Magazine“, но и престижниот американски „Билборд“ и британската International Live Music Conference, како и директори и претставници на славните фестивали како словачкиот ПОХОДА кој доаѓа со целиот свој тим за live презентација како „од а до ш“ се прави голем фестивал, но и ЕГЗИТ, РИВОРКС, ПАНК РОК ХОЛИДЕЈ, ЗИГЕТ и т.н. Покрај европските, ПИН ќе угости и подалечни гости, како на пример ФРАНЦИСКО КЕРЕНО кој ќе ни ја претстави бразилската музичка индустрија.

И сето тоа е само дел, а целосната програма со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители од Македонија. Поради ограничениот капацитет, единствена обврска имаат оние кои ќе одат на дневната програма: за да добијат бесплатна акредитација треба да се регистрираат на овој линк. За концертите, влезот е БЕСПЛАТЕН и нема потреба за претходна регистрација.

Целосната програма и сите детали за ПИН ќе ги најдете на интернет  страницата www.pinconference.mk или www.taksirat.mk .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top