| четврток, 6 декември 2018 |

10 тајни на бразилската убавина: Вака се негуваат најубавите жени во светот!

Бразилките се познати како најубавите жени во светот. Кога ќе ги погледнете нивните извајани тела, блескава кожа и густа коса, јасно е дека оваа теорија има смисла. Покрај тоа што имаат добри гени, Бразилките посветуваат посебно внимание на негата, па затоа ви ги откриваме нивните 10 тајни што ќе ви помогнат да изгледате помлади, поубави и посамоуверени…

1. Вклучете ја масажата во дневната рутина

Не зборуваме за каква било масажа, туку за една што е особено популарна во Бразил. Се вика „Lymphatic“ масажа и со сигурност ќе ви ги поттикне крвотокот и циркулацијата. Она што е одлично кај оваа масажа е тоа што помага да се исфрли вишокот вода од организмот.

2. Одберете природни и органски препарати

Бразилците сакаат максимално да го користат богатството од флора и фауна што ги опкружуваат во изобилство. Токму затоа се потпираат на природата кога се работи за негата на кожата и косата. Претпочитаат сами да прават разни препарати од органски состојки, а ако се одлучат да купуваат, секогаш ги одбираат оние што се направени на природна база и од локални состојки.

3. Исчистете ја кожата однатре
Преубавите жени од Бразил го почнуваат денот со топла вода со лимон. И вие би требало да го практикувате тоа ако сакате да имате здрава и убава кожа. Исто така, Бразилките обожаваат да пијат кокосова вода, како и свежо цеден сок од морков и цвекло.

4. Направете свој пилинг
За прекрасната кожа на Бразилките, заслужен е еден многу едноставен пилинг. Сè што треба да направите е да измешате кафеав шеќер, кокосово масло и малку вода. Редовно користете го ваквиот пилинг за лицето и телото, а ако одите на плажа, Бразилките советуваат да се послужите со песокот како средство за отстранување на мртвите клетки на кожата.

5. Ослободете се од темните кругови околу очите
За да се ослободите од овој непријатен проблем, само треба да следите еден краток рецепт чија ефикасност е загарантирана од страна на Бразилките. Исчистете компир, па исечете два круга. Ставете ги круговите врз очите и држете ги така 15-20 минути. Применувајте го ова еднаш неделно, а веќе по петтиот пат, темните кругови би требало целосно да исчезнат.

6. Избелете ги забите на природен начин
Сите знаеме дека кокосовото масло е здраво, но благодарение на Бразилките сега знаеме дека е и одлично средство за избелување на забите. Изматете лажица кокосово масло и држете го во уста колку што можете подолго, а потоа плукнете.

7. Правилно нанесувајте крем
Најверојатно сте навикнале да нанесувате крем за лице пред да излезете од дома. Меѓутоа, во Бразил ќе ве советуваат дека задолжително мора да нанесете крем на вратот, деколтето и рацете. Покрај тоа, кога има сонце, кремот со заштитен фактор се подразбира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top