| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на 11. Скопје постер фестивал во Мала станица

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва во 19 часот ќе биде отворен 11. Скопје постер фестивал, кој годинава ќе се одржува под мотото „Моќта на плакатот” и ќе може да се посети до 6 декември.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 плакати на тема „Моќта на плакатот”, дела од специјалниот гостин Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните десет фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.

Специјалниот гостин Славимир Стојановиќ Футро пред македонската публика утревечер во 19 часот во книжарницата „Литература.мк” ќе го претстави и својот роман со илустрирани раскази насловен „Девет”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top