| четврток, 6 декември 2018 |

Се прави интерактивна мапа: Секој може да пријави кој, каде и како загадува

Граѓаните сами изнаоѓаат начини како да се справат со енормното загадување. Бројните фотографии и видеа кои беа објавувани по социјалните мрежи сега ќе бидат сместени на една интеркативна мапа на загадувачи.

На апликацијата Мој Воздух од сега секој граѓанин може да пријави кој, каде и како загадува. Пријавувањето е едноставно и се одвива во три чекори. Со прикачување на фотографијата се впишува и локацијата на видливи загадувачи. Жариштата на загадување се маркирани со црвено на мапата и под секоја фотографија стои кога е објавена. За само 24 часа пријавени и маркирани се 20тина загадувачи. Најголем број од нив се во Скопје. До сега пријавени се диви депонии и чад кај Вардариште, под скопското Кале на кејот од Вардар, Железара, цементарница Усје. Маркирани се загадувачи и во Миладиновци, Куманово, Пробиштип , Кавадарци.

Граѓаните претходно најавија тужби до државата поради загадување, реагираа на средствата од новата стратегија за чист воздух. На социјалните мрежи најавија и бојкот на наставата бидејќи загадувањето со штетните ПМ честички е постојано неколку пати над дозволениот праг иако за овие информации граѓаните не дознаваат навреме бидејќи неколку мерачи на воздух веќе со месеци не функционираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top