Шест лица загинаа во пожар во стан во швајцарскиот град Солотурн, додека голем број луѓе од зградата во која избувна пожарот завршија в болница, објави Ројтерс.
Локалната полиција потврди дека меѓу жртвите има и деца, но не беа соопштени повеќе детали, пренесува хрватскиот портал Индекс.хр. Исто така, како што пишуваат медиумите во тек е истрага за да се утврдат причините за пожарот.
Според првичните информации, како што известува весникот „Блик”, пожарот избувнал на еден од долните катови.
Чадот првпат бил забележан од еден од станарите на скалите и околу два часот по полноќ тој ги повикал противпожарните екипи. Во тоа време во зграда имало околу 20 луѓе. Иако пожарникарите брзо пристигнале, шест старани останале заробени меѓу огненте јазици, тие загинале на самото место.
Поради претпазливост, евакуирана е и соседната зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст