| четврток, 6 декември 2018 |

Сто отсто провокација!

Во пресрет на денешната заедничка седница на владите на Албанија и на Косово што ќе се одржи во Пеќ пристигна нова провокација, јавуваат српски медиуми.

Косовскиот министер за трговија Ендрит Шаља на неговиот фејсбук профил објави фотографија на која се тој и премиерот на Албанија, Еди Рама, насмеани, а преку која е напишано „100 насто“.

„Убава слика со премиерот Рама. Сликата и напишаното 100 насто ги направи Рама“ напиша Шаља.

Пораката е јасна: Приштинските власти во средата воведоа царина од 100 насто за увоз на стока од Србија и Босна и Херцеговина, а мерка стапи во сила веднаш по одлуката која создаде ново затегнување на односите меѓу Приштина и Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top