| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија веќе го откупи договорот на Алкасер, ќе се обиде да го направи истото и со Хакими

Борусија Дортмунд веќе ја активираше откупната клаузула многу рано и исплати 23 милиони евра на Барселона за трансферот на Пако Алкасер, напаѓачот кој фантастично ја стартуваше својата авантура во германскиот фудбал.

Ханс Јоаким Вацке, генералниот директор на Борусија денеска имаше обраќање на традиционалната годишна конвенција која ја одржува клубот, кое го искористи за да најави преговори и со Флорентино Перез за откупување на Ашраф Хакими кој исто така игра одлично во дресот на германскиот великан.

– Сакан Пако, добредојде во Дортмунд. Имам порака и за Ашраф Хакими, ќе се обидеме да го направиме истото и со тебе. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе зборуваме со Флорентино и ќе се обидам да го осигурам трансферот, вети генералниот директор на Борусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top