| четврток, 6 декември 2018 |

Јаулески: Црни балони за црнилата која владее, нека одлета и црната власт како балоните

Собрани сме тука пред Владата на Република Македонија, на симболичен, но мошне загрижувачки и сериозен начин да го изразиме нашиот револт од црното владеење на Владата на Република Македонија, изјави денеска Јован Јаулески, в.д. престедател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Црни балони летаат над Влада (фото)

  • Граѓаните и младите го живеат најцрното време. Црн период на неисполнети ветувања, големи очекувања и уште поголеми разочарувања. Период во кој вестите се исполнети со криминал кој не се разрешува, со непотизам кој се оправдува, со црно здравство, руинирано образование и неисполнети ветувања.  Нема ниту еден проекти, не се градат студентски домови, не се намалува младинската невработеност, а нема ниту зрак светлина за младите во ова црно владеење – рече Јаулески.

Тој порача дека тоа мора и може да биде поинаку и дека за тоа да биде поинаку потребно е оваа црна власт да падне.

  • Ги повикуваме сите младите да ни се приклучат, да се обединиме бидејќи ова е наша заедничка битка, за нашата, за вашата заедничката иднина.  Затоа на симбочен начин ги пуштаме овие црни балони, за да ја означиме црнилата која владее во Република Македонија исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине – порача Јаулески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top