Откако по хаосот што се случи со каменувањето на автобусот со фудбалери на Бока јуниорс, поради кој двапати се пролонгираше почетокот на мечот и на крај беше одлучено да се одложи мечот за утревечер, гневот навивачите на Ривер плејт го истурија на полицијаца.
Жестоки пресметки на хулиганите на Ривер со полицијата има повторно пред стадионот „Монументал“, камења летаат на сите страни, па полицијата се обидува да ја смири разулавената толпа, додека останатите навивачи го напуштаат најголемиот стадион во аргентинската престолнина.
Два часа беше полн „Монументал“ до последно место, но гледачите не го дочекаа стартот, откако автобусот на Бока беше каменуван, па двајца фудбалери завршија во болница со повреди на окото, додека други двајца поради солзавците се жалеа на потешкотии во дишењето, меѓу нив и Карлос Тевез.
Хаотичниот почеток на епското финале во битката за јужноамериканската титула завршува со нови хаотични сцени. Мечот е презакажан за 21 часот утревечер.
Esto no es Argentina, esto es Latinoamérica.. una cruda imagen de nuestra sociedad.. #SuperFinal #SuperClasicoFinalpic.twitter.com/dNPpLh2aWU
— Contrerismo (@Contrerismo100) November 24, 2018
Извор: Спорт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст