| четврток, 6 декември 2018 |

Апсењата за собраниските настани од 27 април – една година подоцна…

Една година од апсењата за собраниските настани од 27 април. По повод овој настан кој опозицијата го нарече конструиран процес за измислен тероризам – во среда ВМРО ДПМНЕ ќе излезе на улица. Симболично на истиот ден, една година подоцна ќе започне и новиот циклус на антивладини протести.

Во меѓувреме според последниот извештај на Хелсиншки комитет притворените за 27 април биле целосно оставани без храна и вода и по неколку денови, а имало и други повреди на постапката и на правата на обвинетите. Според извештајот забележан бил и нехуман третман поради тоа што рочиштата траеја и по дванаесет часа.

За нечовечки третман претходно реагираа и од Коалицијата “Сите за правично судење”, но и адвокатите на притворените.

По неуспешен обид во петокот да се состане телото за помирување, се очекува оваа недела членовите со испеглани ставови конечно да седнат на маса и да разговараат за прашањето за кое јавноста очекува одговори -односно нов закон за амнестија.

Јас искрено очекувам да се приклучат и пратениците од ВМРО ДПМНЕ, вели Хари Локвенец.

Од СДСМ очекуваат состаноците на телото да се одвиваат според однапред утврдена динамика.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top