| четврток, 6 декември 2018 |

Ривер и Бока ќе го започнат финалето во 23:15 часот

КОНМЕБОЛ и ФИФА сакаат по секоја цена да го одиграат финалниот натпревар од Копа Либертадорес вечерва и по вторпат го одложија почетокот. Имено, дуелот требаше да почне во 21:00 часот, па заради инцидентите и нападот на автобусот на Бока, беше одложен за 22:00, а сега стигна ново поместување.

Организаторите решија дуелот да почне од 23:15 часот, а нова инспекција на условите се очекува нешто пред 23:00 часот.

Организаторите по секоја цена одбегнуваа натпреварот да се игра во вечерен термин, но веројатно ќе мора да ја прифатат таа опција како единствена Ривер и Бока вечерва да го одиграат возвратното финале на Копа Либертадорес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top