| четврток, 6 декември 2018 |

Рома поразена во Удине, Родриго Де Пол и пресуди на „волчицата“

Екипата на Рома не ја оправда фаворитската улога и во денешниот прв меч од во италијанската Среија А, беше поразена од Удинизе со 1-0.

Гостите од Рим имаа контрола над мечот во првиот дел, создадоа неколку прилики, но примија погодок на стартот од второто полувреме и до крајот не успеаја да се изборат барем за бод.

Аргентинецот Родриго Де Пол одлично се снајде покрај тројца дефанзивци и по една прекрасна акција ја затресе мрежата на Миранте. Неколку минути потоа, Пусето постигна втор погодок, но главниот судија истиот го поништи по реакцијата на ВАР-системот и резултатот остана непроменет до крајот на мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top