| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на Торино, Валтер Мацари заврши во болница

Тренерот на Торино, Валтер Мацари има здравствени проблеми, а синоќа завршил во болница, поради тоа што не се чувствувал добро. Мацари во моментов се наоѓа во болница во Торино, а според последните информации ќе ја води екипата во понеделник против Каљари.

Италијанските медиуми пишуваат дека поранешниот тренер на Наполи и Интер е во стабилна состојба и тестовите покажале дека нема никакви дополнителни проблеми.

Инаку, ова не е првпат да има проблеми со здравјето. Мацари имаше срцеви проблеми и пред шест години кога го предводеше Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top