| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена е вистинската причина за раскинувањето на Вилијам и Кејт: Оваа личност е виновникот!

Иако војвотката и војводата од Кембриџ денес се пример за среќен кралски брак, тие во 2007 година се разделиле накратко, а причината за тој прекин била нејзиното потекло, односно семејството Мидлтон.

Животните патишта на Вилијам и Кејт се разминале неколку месеци во 2007 година, наводно веднаш по ултиматумот за свршувачката што Кејт му го поставила на Вилијам. Поранешниот кралски уредник, Данкан Ларкомбе, не бил уверен во таа приказна и сметал дека раскинувањето се случило поради семејството на Кејт Мидлтон.

„Една од моите теории е дека тие раскинаа поради нејзиното потекло, нејзината семејна позадина“, открил Ларкомбе.

Ларкомбе своето верување го темели на познатиот факт што пријателите на Вилијам секогаш кога ќе ја виделе Кејт се шегувале на сметка на мајка ѝ, која работела како стјуардеса, на тој начин што ја извикувале фразата што ја користи кабинската послуга во авионите: „doors to manual“.

„Палатата тоа категорички го негираше, но се осудувам да кажам дека неколку луѓе блиски на Вилијам го имаат истото мислење“, изјавил Ларкомбе.

Мајката на Кејт Мидлтон, Карол, потекнува од работничка класа и е потомок на сиромашен рудар и градежник, а кариерата ја почнала како стјуардеса, додека таткото на Кејт, Мичел, бил диспечер на авиони за British Airways.

Но и покрај скромното потекло, Кејт не растела во сиромаштија. Карол ја започнала семејната компанија Party Pieces која се занимава со продажба на забавна програма за деца преку Интернет и заработила милиони.

Нивната семејна куќа во Кершир вреди повеќе од милион фунти, станот во Челси вреден 750 илјади фунти го платиле со кеш, а нивните три деца оделе во приватно училиште каде што годишната школарина изнесувала 27 илјади фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top