| четврток, 6 декември 2018 |

По веста дека е уапсена во Виена се огласи македонската фолкерка

Македонската фолк-пејачка Сања Цинцева, позната како Сања Барби, преку својот Инстаграм профил демантираше дека завршила во затвор во Виена, Австрија. Откако некои медиуми напишаа дека Сања била во врска со женет маж од Австрија и дека со него се степала, па двајцата биле приведени од полицијата, таа вели дека таквите пишувања се измислени и лажни.

„По неточните информации, измислици, клевети, сакам да ја информирам македонската јавност, моите пријатели, фанови, дел од естрадата и луѓето со коишто соработувам дека не сум во Виена и не сум во никаков затвор. Ова е една голема измислена приказна“, пишува меѓу другото Сања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top