Управата на Милан одлучила на лето да не го откупи договорот на аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин кој оваа сезона настапува како позајмен играч кај „росонерите“ од Јувентус.
Игуаин пристигна на еднгодишна позајмица за која Милан плати 18 милиони евра, но доколку сака да го откупи договорт на фудбалерот треба да доплати уште 36 милиони. Сепак како што јавуваат медиумите на Апенините, тоа нема да се случи.
Раководството на „росонерите“ проценило дека тоа ќе биде тежок финансиски удар за клубот и дека следната сезона ќе сепотпрат на услугите на Кутроне во шпицот на нападот, па Игуаин по завршувањето на тековнава сезона ќе се врати во Торино. 30-годишниот Аргентинец има договор со „старата дама“ до јуни 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст