Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, заврши во болница во Сараево, бидејќи страдаше од исцрпеност, пишува весникот „Дневни аваз“.
Поранешниот тренер и играч на Црвена ѕвезда првo добил инфузија, а потоа продолжил со понатамошни испитувања во болницата.
Просинечки вчера се чувствувал лошо и затоа не присуствувал на отворањето на новото административно седиште на Фудбалската асоцијација на БиХ.
Тој направи одличен резултат со босанската репрезентација со пласманот во А-лигата од Лигата на нации, откако ја заврши групата на првото место пред Австрија и Северна Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.