Владата на Косово објави дека денешната акција за апсење на четири лица е во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и нема врска со актуелните политички случувања, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на косовската Влада, акцијата е спроведена по налог на Специјалното обвинителство на Косово и е целосно согласно законот.
– Владата на Косово ги уверува сите граѓани дека косовската држава и нејзините органи на редот на ниту еден начин и никогаш нема да се насочат против некоја етничка или политичка група, се вели во соопштението.
Владата ги повикува граѓаните, политичките субјекти, градоначалниците, посебно оние во северниот дел, со мнозинско српско население, и другите органи, „да придонесат за одржувањето на јавниот ред, во полза на мирот и стабилноста“.
– Битно е никој да не подлегне на разните дезинформации. Зачувувањето на мирот и почитувањето на законот е во интерес на сите во Косово, се вели во владиното соопштение.
Оливер Ивановиќ, лидер на Граѓанската иницијатива Србија, демократија, правда (СДП), беше убиен на 16 јануари годинава во северна Митровица, пред седиштето на неговата партија. Досега немаше речиси никакви информации за мотивите и сторителите на убиството, а утрово, во врвска со случајот, со интервенција на специјалните поллициски единици на Косово РОСУ, беа уапсени четири лица.
Први фотографии од местото на злосторството: Шок и молк по убиството на Оливер Ивановиќ
Сакал да биде пилот, носител на црн појас во карате: Кој беше Оливер Ивановиќ?
Ми го земаа по втор пат, само сега нема да се врати – сопругата на Оливер Ивановиќ е неутешна!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст