| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција до смрт претепано 9-годишно дете, приведено семејството

Во францускиот град Мулоз до смрт било претепано 9-годишно дете. Приведени се неговата мајка, 20-годишната сестра и 19-годишниот брат и неговата бремена девојка.

Наводно, тие го тепале затоа што не сакало да ја напише домашната задача.

Веднаш била отворена истрага, откако на 17 септември семејството пријавило дека момчето не дише. Во текот на истрагата било констатирано дека детето умрело поради повреди настанати со тепањето, по што полицијата открила дека го тепал член на семејството, а другите го криеле тоа.

Поднесени се обвиненија за убиство и соучесништво и прикривање и приведени се сите членови на семејството кои биле присутни на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top