| четврток, 6 декември 2018 |

Грција со нови забелешки, бара да се избрише член 36 од Уставот на Република Македонија

Грција веќе испорачала дел од своите забелешки на веќе усогласените уставни амандмани кои ја поминаа собраниската – комисиска расправа, пишува Магазин.мк од дипломатски извори.

Имено официјална Атина сега инсистира Заев да изготви дополнителни два уставни амандмани, без кои е децидна дека нема да продолжи дијалогот за имплементирање на Преспанскиот договор од нејзина страна, стои во текстот на Магазин.

Грција како што пишува порталот бара прво целосно да се избрише или разобличи во суштината член 36 од Уставот на Република Македонија.

Во него стои:

Член 36

-Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.

На овој член и со неговата амандманска измена, Грција бара да биде идентитечен со член 108 од Уставот на
Грција во однос на Грците во странство кој гласи:

Член 108 (Устав на Грција)

1. Државата мора да се грижи за иселениците Грци и за одржување на нивните врски со татковината.

Државата исто така ќе присуствува на образованието, социјалниот и професионалниот напредок на Грците кои работат надвор од државата.

** 2. Законот ги специфицира работите што се однесуваат на организацијата, работата и компетенциите на Советот на Хелените во странство, чија мисија е израз на сите заедници на Хелените низ целиот свет.

Ова значи дека експлицитно ќе треба да се наведе дека Северна Македонија ќе се грижи за правата на Северномакедонците низ светот, со што по поништување на член 36 ќе го избрише целосно Македонскиот народ во своето постоење

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top