| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит и Анџелина Џоли донеле одлука која ќе ги воодушеви нивните фанови

Бред Пит (54) и Анџелина Џоли (43), две години после поднесување на барањата за развод, донеле заедничка одлука, пренесуваат странските медиуми.

Тие двајца наводно се подготвени да се договорат околу заедничкото старателство над децата, бидејќи, како што наведуваат медиумите, нивните претходни конфликти само им штетат на нивните деца.

Иако Анџелина постојано се обидувала да го оддалечи Бред од децата, односно што помалку време да поминува со нив, изгледа дека работите ќе се променат. Сепак, договорот за кој сè повеќе се зборува, поранешните сопружници сè уште не го потпишале.

Исто така, освен старателството, сè уште не е познато како Бред и Анџелина ќе го поделат имотот, со оглед на тоа дека не потпишале предбрачен договор.

„Како и да се заврши целава мешаница, никој нема да излезе од неа како победник“, рекол извор за „US Weekly“.

Да потсетиме, Анџелина и Бред се венчале во август 2014-та година и имаат шест деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top