| четврток, 6 декември 2018 |

Во скопско основно училиште немаат наставник по физика, а полагаат тестови

Учениците од скопското основно училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ кое се наоѓа во населбата Кисела Вода од почетокот на учебната година немаат наставник по физика, но полагаат тестови, објави „СДК.мк“.

Како што објавува порталот, група родители на ученици од осмо и деветто одделение доставиле претставката до Народниот правобранител, оти нивните деца не можат да го остварат правото на непречено и квалитетно образование.

Наставничката по физика уште летоска по завршување на учебната година, го известила директорот на училиштето дека од септември ќе користи породилно боледување и дека треба да најдат заменски наставник. Но, наставник по физика училиштето уште нема, па часовите на децата им ги држи наставник по информатика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top