Доколку САД постават воена база во Полска, Русија своите одбранбени средства ќе ги пренасочи кон заштита од таквата нова опасност, изјави синоќа членот на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич.
– Русија дефинитивно има широк воен потенцијал, многу прецизно оружје со голем дострел и во случај на изградба на таква база, недвосмислено ќе дојде до нивно пренасочување, со цел да се локализира заканата. Таквата база недвосмислено ја сфаќаме како очигледна закана, истакна Клинцевич.
Тој додаде дека Русија нема право да не реагира на такво нешто.
– Зајакнувајќи го военото присуство во Источна Европа и градејќи нови воени бази, САД повеќе не се кријат зад маската отстранување на опасноста од Иран, како што беше претходно. Но, многу пати сме предуипредиле дека населенито во земјата во која би се појавиле бази на САД, би било во многу сериозна опасност доколку од тие бази почнат агресивни дејства против Русија, не треба да се заборави тоа, посочи Клинцевич.
Претходно, полското Министерство за одбрана соопшти дека изградбата на американска воена база во Полска е завршена работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.