| четврток, 6 декември 2018 |

Жена од Босна купила леб во пекара – тоа што го нашла во него можело да ја убие (фото)

Здружението за заштита на потрошувачите во Босна и Херцеговина, ДОН на својата Фејсбук страна објавило фотографии кои им ги испратила жена од Бања Лука, жалејќи се дека во лебот кој го купила пронашла шајка. Како што кажала таа, спакуваниот леб на кришки го купила од локална пекара, а за случајот таа најавила дека ќе ја тужи фирмата од каде го купила.

– Грешки се случуваат и сите за тоа сме свесни, но да не сакате да се извините и да преземете одговорност и да го осудите купувачот, навистина не смее а се случува. Оправдувањата дека „ги наместила конкуренцијата“ се последното нешто што треба да го кажат во ваква ситуација. Лебот е купен во локална пекара и ова е вистинска приказна! Не дозволувајте ова да ви се случи, бидете внимателни и задолжително пријавете ги ваквите и слични случаи во пазарната и санитарна инспекција, напишале од здружението.

Жената која што го купила овој леб случајот го пријавила во инспекциските служби, а единствена среќа е што ја забележала шајката која што можела да и направи сериозни проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top