| четврток, 6 декември 2018 |

За две недели втора несреќа: Жена прегазена на пешачки премин во Штип

Шеесет и осумгодишната С.Д се здобила со тешки телесни повреди, откако вчера доцна попладне беше прегазена од такси возило управувано од 63-годишен возач на еден од пешачките премини на кружниот тек кај „Стопанска банка“ во Штип.

Портпаролот на Клиничката болница во Штип, Марина Шуманска изјави дека жената е хоспитализирана на Одделението за ортопедија, а лекарите констатирале тешки телесни повреди, односно повреда на рбетен столб. Здравствената состојба на жената е стабилна и таа е под лекарски надзор.

Во рок од 13 дена, ова е втора несреќа на пешачки премин во Штип. Претходно, петнаесетгодишен средношколец почина откако беше прегазен на пешачки премин.

Почина момчето прегазено на пешачки премин во Штип

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top