Со азилот што го доби од унгарските власти Груевски ги добива истите права како што ги имаат унгарските граѓани. Тој може да работи, да побара социјална помош ако му е потребна, а бегалците кои добиле азил, имаат право и на семејно обединување, вели во интервју за ТВ Нова Зоран Дранговски од Здружението на млади правници, кое повеќе од 8 години застапува баратели на азил.
Како азилант, Груевски единствено нема право да формира партија или да служи воен рок.
Со патната исправа која ќе му биде издадена како на лице кое е под заштита од Унгарија, ќе може да патува и во земјите од ЕУ и покрај меѓународната потерница која може и да не се активира затоа што Интерпол во 2015 година се согласил да има потолерантен пристап кон бегалците.
Дранговски вели дека унгарскиот Закон за доделување на азил, кој предвидува дека азил не може да добие лице кое е осудено на 5-годишна затворска казна, и зашто сите останати македонски државјани кои побарале азил во Унгарија пред Груевски биле одбиени.
Целото интервју ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


