| четврток, 6 декември 2018 |

Дали во храната и пијалокот има сладок отров?

Епидемија на рак во светот, зголемување на бројот на пациенти со дијабетес, појава на алергии, инциденцата на аутизам, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и други сериозни болести се само некои како резултат на отровите и опасните материи кои ги консумираме преку храната и пијалокот.

Според некои истражувачи, а особено оние кои се занимаваат со теории на заговор, аспартамот е еден од најканцерогените додатоци во исхраната, кои секој ден ги конзумираме.

Нивната теза се темели на фактот што кога ќе се загрее на 30 степени, аспртамот почнува да испушта токсични хемикалии, метанол, кој потоа се разложува на формалдехид и мравја киселина, а температурата на нашето тело е над 36 степени.

– Сите знаеме дека формалдехидот е неуротоксин, а мравјата киселина отров, вели публицистот Џим Марс во книгата “Завера од билион долари”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top