| четврток, 6 декември 2018 |

Шаќири: Навивачите на Црвена Звезда ми ја пцуеја мајка ми, а сето тоа го слушаше татко ми од трибините

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири не отпатува во Белград на натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда, а тоа беше одлука на Јирген Клоп.

Клоп пред натпреварот истакна дека Шаќири нема да патува за Белград, конкретна причина не наведе. Сепак, на сите им е јасно зошто фудбалерот не отпатува на гостувањето против Звезда.

Ќе потсетиме, Шаќири на Мундијалот во Русија постигна гол против Србија и го прослави покажувајќи го албанскиот симбол.

Сега, Шаќири тврди дека навивачите на Звезда на гостувањето во „Енфилд“ испраќале навреди кон него и тоа пред неговиот татко.

– Слушнав како ја навредуваа мојата мајка додека бев покрај теренот. Мојот татко беше на стадионот и го слушна тоа. Од една страна ја разбирам одлуката да не одам во Белград иако сакав да помогнам на тимот – изјави играчот за врска на „црвените“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top