Само една недела после реализацијата на хит проектот JazzToVoice, маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ продолжија со успесите на меѓународна сцена. Овој пат во Варшава на силниот меѓународен акапела натпревар “Varsovia Cantat” на кој настапија голем број квалитетни хорови од Европа и Азија.
Женскиот младински хор го освои првото место во категоријата на еднородни хорови, а освен во натпреварувачкиот дел, хорот одржа и два концерти во катедрали во Варшава и Згиерж и настапи на гала концертот на сцената на големата концертна сала на музичкиот универзитет “Фредерик Шопен”.
Оваа награда е последна во низата од 6 први награди, 6 специјални награди и ,,Grand Prix” титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст