| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го замени Влатко Илевски на годинашното „Златно славејче“?

Марко Новески или попознат како Марко „Дај Побрзај“ беше овогодинешниот избор за водител на детското фестивалче „Златно Славејче“. По дилемата кој ќе го замени единствениот Влатко Илевски кој беше претпознатлив печат низ годините наназад и омилен водител на децата, одлуката падна на Марко.

Пред да се оддржи фестивалот во јавноста се шпекулираше дека улогата на Илевски оваа година ќе ја превземе младиот актер Атанас Атанасовски кој се веруваше дека навистина ќе одговори на висина на задачата.

По смртта на Влатко Илиевски, кој ќе биде водител на годинашното „Златно славејче“?

Сепак на изненадување на публиката „Златно славејче“ го водеше Марко, поинаква енергија и веќе познат лик на јавноста. Децата уживаа во изведбите на песничките, но интеракцијата со публиката и веселоста на Илиевски на сите им недостасуваше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top