Помина точно 21 година откако пошироката јавност ги запозна виолината и гитарата, на Макфест во 1996 година. Штипското дуо Дуле и Коки од дебитанти, станаа шампиони на нивниот омилен, домашен фестивал со песната „Виолина и гитара“. Пред тоа, а и многу години потоа важеа за кралеви на клупските свирки, и останаа кралеви до самиот крај, во 2013 година. На 23 септември таа година, од рак на дебелото црево почина Дуле, фронтменот на дуото, гитарата и гласот.
Коки продолжи сам, со неговиот нов бенд „ Тајфата “. Дуле си замина само четири месеци откако се ожени со неговата голема љубов, струмичанката Љупка Наскова, со која беше во врска неколку години пред тоа. Нејзината ќерка Илијана, Дуле ја засака како своја. „Поради ќерка ми, кафеаните ги заменив со игротеки и убаво ми е, изјавуваше тогаш Дуле. Љупка, која е наставник по англиски во скопското основно училиште „Љубен Лапе“, продолжи сама, на почетокот обидувајќи се да го одржи штотуку отворениот ресторан на Дуле, во кој тој вложи многу работа и љубов. Љупка подоцна го затвори ресторанот, и со помош на семејството и неколкумина пријатели се грижеше за својата ќерка, раскажувајќи ѝ секој ден приказни за Дуле, кој многу ја сакаше.
-Многу тешко се справував со загубата. Секој ден ми беше многу тежок и ми поминуваше многу бавно. Пешачев секој ден по 20 километри, плачев по улиците и не знаев од каде да почнам. Од друга страна, имав обврски спрема петгодишното дете и работа со деца во училиштето,“ ја отвори душата Љупка за „Женски Магазин“, пет години по смртта на сопругот. Таа вели дека со Дуле ја врзувале три работи: почитта, љубовта и посветеноста.
повеќе на женскимагазин.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст