| четврток, 6 декември 2018 |

Што одредува дали повеќе сакате чај или кафе?

Научници откриле кој фактор одредува дали повеќе сакате да пиете чај или кафе, а виновник за тоа, верувале или не, е генетиката.

Резултатите од истражувањето се објавени во Nature. Научниците испитувале дали перцепцијата на горчливо влијае на тоа некој да преферира чај повеќе од кафе. Според тоа, луѓето со најголема осетливост на горчина сакаат кафе, но интересно е што не го пијат најмногу.

„Тоа укажува дека потрошувачите на кафе развиваат вкус или способност за откривање на кофеин“, вели професорката Мерилин Корнелис од Универзитетот во Бризбен.

Главниот заклучок на научникот Лианг Дар Хванг е дека генетиката повеќе влијае на перцепцијата на горчина, отколку на благо. На перцепцијата на вкус влијае и однесувањето бидејќи иако луѓето природно не сакаат горчлив вкус, можат да научат да ценат горчлива храна.

Истражувањето е направено врз основа на генетски податоци на 430.000 Британци кои учествувале во студијата, не може да се генерализира и на други земји и култури, велат научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top